Мароканскиот репрезентативец, Исмаел Саибари, ќе го пропушти четвртфиналниот натпревар против Франција на Светското првенство, откри главниот селектор Мохамед Ваби.
Напаѓачот за време на Светското првенство имаше серија силни настапи постигнувајќи три гола но, повредата го спречи да игра на мечот со Франција.
„Не ми се допаѓа кога луѓето велат дека нашето Светско првенство е успешно. Франција е фаворит, но ние ќе направиме сè што можеме за да победиме. Има работи што треба да ги подобриме“ – рече Ваби.

