Селекторот на фудбалерите на Англија, Томас Тухел, се насочи кон денешниот меч со Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Искусниот стратег од Германија, потенцираше дека Скандинавците покажале квалитет и дека сосема заслужено се наоѓаат во сегашнава фаза од Мундијалот.
„Сега доаѓа возбудливиот дел. Мора да се опуштиме, да се поврземе со нашиот идентитет и да бидеме проактивни и храбри“ – вели Тухел.
„Ова е четвртфинале и храбрите ќе имаат среќа. Мораме да се насочиме кон нашиот квалитет“ – изјави Тухел.

