Селекторот на фудбалерите на Аргентина, Лионел Скалони, на задолжителната средба со новинарите пред мечот со Швајцарија, посочи, дека размислува да започне со истиот состав кој истрча против Египет.
„Не е исклучено да направам промена но, ќе биде слично на тоа што го видовме на последниот натпревар“ – рече аргентинскиот селектор.
„Постои кампања, некои луѓе велат дека сме фаворизирани многу долго време. Денес, со ВАР, е многу тешко некој да ви помогне“ – рече Скалони.

