Хакери од Египет ги нападнале официјалните сметки на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), објавува порталот – „mdzol.com“.
Изворот посочи дека хакерите успеале да добијат пристап до дел од базата на податоци на асоцијацијата, вклучувајќи е-пошта и „IP“ адреси, како и лозинки. По нападот, неколку новинари акредитирани преку АФА добија е-пошта испратена од сметка идентификувана како AFA Medios.
Аргентинската фудбалска асоцијација соопшти дека истражува неовластен пристап до нејзините системи и ги замоли новинарите да ги игнорираат сите сомнителни е-пораки.

