ФИФА одговори на обвинувањата од францускиот селектор Дидие Дешамп за квалитетот на судењето на полуфиналниот натпревар со Шпанија, кој „петлите“ го загубија со 2-0.
„Како одговор на коментарот на Дидие Дешам, кој праша дали судијата на натпреварот е на нивото за полуфинале, одговорот на ФИФА е јасен: да, нашите судии се светска класа“, изјави Пјерлуиџи Колина, претседател на судискиот комитет.
По поразот во вторникот, Дешан изрази сомнежи за салвадорскиот судија, Иван Бартон. Иако не го оспори пеналот против неговиот тим, францускиот селектор имаше забелешки за други детали од работата на судијата.

