Нашата млада атлетичарка Ева Митевска утрово настапи во квалификациите на 100 метри на Европското првенство за атлетичари до 18 години, кое се одржува во Риети, Италија.
Атлетичарката на АК Работнички трката ја истрча за 12.40 секунди, поставувајќи нов личен рекорд – најдобар резултат во нејзината досегашна кариера.
Во силна конкуренција од 40 атлетичарки од цела Европа, Ева го освои 35. место, стекнувајќи драгоцено меѓународно искуство на едно од најзначајните младински атлетски натпреварувања.

