Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, оцени дека Светското првенство во САД, Канада и Мексико ја исполни мисијата да ги зближи луѓето од сите страни на светот.
„Слушаме дека живееме во поделен и агресивен свет, дека има толку многу работи што нè делат, што ни предизвикуваат проблеми. Но, исто така знаеме дека Мундијалот покажа дека има многу повеќе работи што нè обединуваат отколку што нè делат“ – рече Инфантино.
„Видовме милиони луѓе како се собираат во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Луѓето се собираат и низ целиот свет да поминуваат време заедно. Тоа е најсилната порака“ – потенцираше Инфантино.

