Главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, нема да ја запре истрагата за практиките за продажба на билети на ФИФА и на Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација.
Таа изјави дека заедно со нејзината колешка од Њујорк, Летиција Џејмс, ќе продолжат со истрагата околу процесот на продажбата на влезниците за стадионот – „МетЛајф“ на тековниот Мундијал.
Во прашање се осум натпревари меѓу кои влегува и утрешното финале меѓу Шпанија и Аргентина.

