Со натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими денеска од 17 часот стартува 35-ти шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига.
Од оваа сезона повторно враќање на 10 екипи во елитното друштво со сериозна битка за титулата, но и далеку понеизвесна битка за опстанок. Шампионот Вардар и тетовска Шкендија ќе бидат водечките две екипи кои ќе се борат за новиот трофеј, а изненадување посакуваат и останатите состави.
Две екипи на крајот по 36 одиграни кола ќе мора да ја напуштат елитата, а екипата која ќе биде осмопласирана ќе мора да игра бараж.
ДЕНЕСКА (17 ч.)
Тиквеш – Арсими
САБОТА
17:00 Струга – Шкендија (А)
17:00 Вардар – Брегалница
НЕДЕЛА
17:00 Силекс – Башкими
19:00 Шкендија – Скопје

