Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ ја поддржува заедничката позиција на УЕФА: Светското првенство не е на продажба
    Фудбал

    ФФМ ја поддржува заедничката позиција на УЕФА: Светското првенство не е на продажба

    risteBy riste30/07/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Заеднички став на европското фудбалско семејство

    УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори.

    Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ

    Светското првенство не смее да се третира како инвестициски производ. Тоа претставува едно од најголемите наследства на светскиот фудбал, создавано низ генерации од играчи, национални репрезентации и навивачи од сите континенти. Ниту еден дел од него не смее да биде отстапен на приватни инвеститори.

    Светското првенство не е на продажба.

    Загриженост за процесот на одлучување

    Неодговорно и неоправдано е предлог од вакво значење за светскиот фудбал да биде подготвен во тајност и доведен речиси до фаза на усвојување без суштински консултации со оние на кои им е доверено да се грижат за иднината на играта.

    Ова не претставува само сериозен неуспех во лидерството, туку и откажување од обврската на ФИФА како чувар на светскиот фудбал.

    Националните асоцијации ширум светот денес се ставени пред избор, да го прифатат неповратното пренесување на сопственичките права врз најзначајните фудбалски натпреварувања или да ги сносат последиците. Тоа не е демократско одлучување, туку управување преку притисок, практика недостојна за институција задолжена да го води светскиот фудбал.

    Фудбалот не смее да биде управуван од интересите на инвеститорите

    Нашето противење не се однесува само на начинот на кој е донесен овој предлог.

    Во моментот кога надворешни инвеститори ќе стекнат сопственички удели во натпреварувањата на ФИФА, фудбалот неповратно ќе се промени. Комерцијалниот интерес ќе стане трајна обврска, а очекувањата на инвеститорите постојан фактор во процесот на одлучување.

    Од тој момент, одлуките за меѓународниот календар, форматите на натпреварувањата и идниот развој на фудбалот повеќе нема да се носат врз основа на интересите на играта, туку според интересите на акционерите.

    За ваков модел нема место во светскиот фудбал. Иднината на фудбалот не смее да биде диктирана од оние чија примарна цел е максимизирање на финансискиот принос. Интересите на националните асоцијации, лигите, клубовите, играчите и навивачите не смеат да бидат подредени на интересите на инвеститорите.

    Фудбалот не смее да ја заложи својата иднина за финансиска добивка.

    Ставот на Европа

    Ставот на Европа е јасен. Никогаш нема да му дадеме легитимитет на ваков модел. Никој нема морално право да продава нешто што му е доверено да го зачува за идните генерации.

    Како резултат на денешната дискусија, ниту една национална репрезентација членка на УЕФА нема да учествува во натпреварувањата на ФИФА се додека овие предлози останат активни, освен доколку бидат целосно повлечени и не бидат дадени правно обврзувачки гаранции дека ФИФА никогаш повеќе нема да го отвори своето управување или своите натпреварувања за приватна сопственост.

    Никој не треба да има дилеми: УЕФА и нејзините национални асоцијации ќе им се спротивстават на овие планови со целосна решителност.

    Постојат моменти кога институциите не се оценуваат според тоа што се подготвени да прифатат, туку според тоа од што одбиваат да направат компромис. Ова е еден од тие моменти.

    Постојат вредности што не можат да се продаваат. Светското првенство на ФИФА му припаѓа на фудбалот. Отсекогаш било така и така ќе остане. И се додека Европа има свој глас, Светското првенство никогаш нема да биде на продажба.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.