Младиот македонски интернационалец Георг Стојановски денес лета за Катар од Софија преку Истанбул за да се приклучи на својот нов тим Лусаил. Напаѓачот го напушта Спартак Варна по одиграни 27 натпревари, со постигнати 10 гола и 4 асистенции.
22-годишниот фудбалер имаше одлични настапи за екипата на Спартак Варна , а тоа беше забележано од клубот од Катар и му беше понуден договор кој ќе биде потпишан веднаш откако ќе ги помине медицинските прегледи. Од бугарскиот прволигаш се задоволни од овој трансфер затоа што ќе заработат за нив рекордна сума како обештетување за нашиот млад фудбалер.
„Одам во Катар со еден од моите двајца менаџери и откако ќе ги поминам лекарските прегледи, ќе потпишам договор од три плус две години со Лусаил. Овој тим од вториот по големина град во Катар е нов член на елитата и има големи амбиции да се етаблира во него. Ја прифатив понудата затоа што бев заинтригиран од проектот на клубот и затоа што беше поволен и за Спартак. Едвај чекам да се сретнам и да се навикнам на новата култура, новиот менталитет и новиот начин на живот, но се надевам дека брзо ќе се адаптирам, а знаете дека јазикот на фудбалот е ист насекаде. Новото првенство во Катар започнува за две недели, а Лусаил ќе го одржи последниот дел од подготовките во својата база, по враќањето од кампот во Холандија. Смирен сум и исклучително мотивиран да ги оправдам високите очекувања поставени врз мене и да не се експонирам. Ќе дадам сè од себе, како што правев во моите претходни тимови, за да му помогнам на Лусаил да се искачи“, изјави Георг Стојановски.
Инетересно е тоа што Георг Стојановски прави ваков трансфер од клуб од Бугарија во клуб од Катар што преставува одличен успех ,ако се знае дека играчот нема настап за А репрезентацијата на Македонија, а ниту за младата селекција до 21 година. Тоа само покажува дека со напорна работа може да се дојде до вака успешен трансфер.
Истовремено клубот од Варна го напушти и досегашниот тренер, нашиот познат стрчњак Ѓоко Хаџиевски кој се врати во Македонија. Но секако дека нема многу да остане овде бидејќи е во преговори со неколку клубови за негов ангажман, каде би ја продолжил тренерската кариера.

