Рома внимателно ја следи ситуацијата со младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик и е заинтересирана да преговара за позајмица со опција за откуп на Бразилецот.
Според „Газета дело Спорт“, Жозе Мурињо во наредните денови ќе му каже на Ендрик дали ќе остане во тимот, но неговиот профил не ги исполнува целосно очекувањата на новиот тренер на Реал Мадрид. Со оглед на конкуренцијата и новото засилување Карлос Еспи, поранешниот играч на Палмеирас ризикува да добие значително помалку време за играње. Тоа значи дека опцијата за нова позајмица е реална, а Рома ќе се обиде да го донесе во Италија.

