Реал Мадрид му понуди на бразилскиот фудбалер, Винисиус Жуниор, нов договор вреден 22 милиони евра по сезона иако 26-годишникот сака околу 30 милиони.
Напаѓачот го облече дресот на „кралевите“ во летото во 2018 година. Неговата тековна соработка е валидна до 2027 година а неговата вредност на трансфер-пазарот е околу 140 милиони евра.
Винисиус во претходната сезона имаше 53 настапи во сите конкуренции со ефект од 22 гола и 14 асистенции.

