Турскиот Фенербахче подготвува понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се врати на „Олд Трафорд“ по едногодишна позајмица во Барселона.
Екипата од Истанбул сака да ја искористи шансата откако каталонскиот клуб не ја активираше опцијата за целосен откуп на англискиот репрезентативец.
Фенербахче стапил во контакт со агентите на 28-годишниот фудбалер за да ги дознае неговите лични барања.

