Голманот на Парма, Зион Сузуки, прифатил да се пресели во редовите на европскиот шампион – ПСЖ.
Според одредени извори, италијанскиот тим бара 40 милиони евра за играчот вклучувајќи ги и бонусите. Претходно беше објавено дека францускиот гигант испратил понуда од 33 милиони евра за потписот на Сузуки.
Јапонскиот интернационалец игра за Парма од 2024 година. Тој има 57 натпревари во Серија А.

