Најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, денеска за првпат го претстави својот нов прототип болид со кој ќе има можност да се натпреварува во претстојната натпреварувачка сезона. Игор Стефановски на самото претставување на своето ново возило даде повеќе информации за истото.
„Овој ден е едно ново поглавје во мојата кариера, дефинитивно нешто што го очекував долги години, се работи за прототип Норма, вакви има само 12 произведени, а јас ја имам честа да бидам првиот на Балканот кој ќе се натпреварува со ваков тип на автомобил.
Инаку се работи за прототип налик на Формула 1 и е многу моќно возило прилагодено за ридски трки со 750 коњски сили и тежина од 600 кг. Денес ќе ги возам првите километри и ќе видам како ќе биде, оваа сезона остануваат уште две трки од овој шампионат и ќе ги возам во Словенија и Хрватска чисто да се прилагодина и наредната сезона да атакуваме на титула и соборување на сите можни рекорди во Европа“ рече Стефановски.

Игор Стефаносвки Иџе направи споредба на возилата кои досега ги возел и овој автомобил:
„Дефинитивни има голема разлика, како што кажав ова е автомобиол налик на Формула 1 во однос на јачина и аеродинамика, максималната брзина е 280 км на час, но убрзувањето е многу поголемо од Ферарито кое го возев на некои патеки. Сега влегувам во нова категорија каде конкуренцијата е голема со ваков тип на возила, така да време е да се пробаме со големите „батковци“ на ридските трки“ заврши Иџе.


