Фудбалерот, Маркус Рашфорд, откако ја заврши позајмицата во Барселона се врати во базата на Манчестер Јунајтед.
Тој во изминатите две сезони играше како позајмен во Астон Вила и кај Каталонците. 28-годишниот напаѓач кој потекнува од школата на „црвените ѓаволи“ има 426 настапи за екипата од „Олд Трафорд“.
Рашфорд во текот на денов се појави во тренинг-центарот откако имаше подолг одмор поради настапот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

