Трабзонспор започна преговори за ангажман на Дарвин Нуњез од Ал Хилал а трансферот би можел да биде реализиран како едногодишна позајмица.
Потпретседателот на турскиот тим, Ибрахим Шахинкаја, наводно треба да отпатува во Саудиска Арабија и директно да преговара за реализација на трансферот.
Трабзонспор е подготвен да плати околу 8 милиони евра за позајмица на 27-годишниот уругвајски напаѓач.

