Првиот голман на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Тибо Куртоа, порано од очекувањата ја санираше повредата заработена на Мундијалот и полека влезе во индивидуален тренинг процес.
„Мурињо е одличен тренер, бевме заедно во Челзи и среќен сум што повторно сум под негово водство“, изјави тој за клупската телевизија на Реал Мадрид.
„Мурињо е тренер кој бара многу – дисциплина, групата пред поединци. Тој е одличен тренер и како личност е многу пристапен“ – рече Белгиецот.

