Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија изрече неколку казни по завршувањето на 2 коло во елитната конкуренција.
Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на Вардар, се казнува со забрана за настап на пет натпревари поради црвениот картон на натпреварот против Шкендија додека играчот на тетовци, Анес Мељичи, доби казна од три меча. Рама Ландрит од Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
Вардар треба да плати 1.000 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ на натпреварот со Шкендија додека Брегалница треба да плати 600 евра бидејќи и нејзините фанови користеа пиротехника.

