Дефанзивецот на Арсенал, Рикардо Калафиори, го постигна најбрзиот гол во ФА Комјунити Шилд во последните 58 години, објави „Опта“.
24-годишниот Италијанец го отвори резултатот против Манчестер Сити по само 23 секунди. Овој гол стана најбрз во рамките на овие натпревари од 1968 година, кога напаѓачот на Манчестер Сити, Боби Овен, постигна гол против Вест Бромвич Албион.
Арсенал на крајот победи со 3:0, а головите ги постигнаа Каи Хаверц и Мартин Едегард, откако резултатот го отвори Калафиори.

