Денеска беше претставена делегацијата која од 21 август до 3 септември ќе ги брани македонските бои на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Со 130 членови од кои 88 спортисти, тоа ќе биде досега најбројна наша делегација на Медитеранските игри. Македонските спортисти во Таранто ќе настапат во опрема на ЈОМА.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски им пожела многу успех на нашите спортисти и потенцираше дека МОК им овозможи добри подготовки, лигистика и нова опрема со која ќе настапат на Медитеранските игри.


