Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансфер на талентираниот фудбалер од средниот ред Ајуб Буади. Англичаните ќе платат 95 милиони евра плус уште пет како бонуси.
18-годишниот марокански репрезентативец ќе потпише договор за пет сезони плус дополнителни 12 месеци. Тој ќе стане најскапиот тинејџер во историјата на Премиер лигата.
Претходно рекордот го имаше Лени Јоро за кого Манчестер Јунајтед му плати на Лил 58,9 милиони фунти во 2024 година.

