Фати Вејсели и Реџеп Хајдари ќе се борат за злато на Медитеранските Игри во Таранто. Веjсели се пласираше во финалето со победата против Јасин Јесил од Турција со 5-3. Веднаш по него, финале избори и Реџеп Хајдари кој во полуфиналето славеше против Адлан Виханов од Франција со 3-2. Двајцата македонски борачи успеаја да си обезбедат најмалку сребрен медал.
Нашиот главен адут на Игрите, таеквондист, Дејан Георгиевски, е запрен во 1 / 4 финалето откако загуби од Хусеин Демирчоглу (Турција) со 2-1. Вториот наш претставник, Филип Блажевски, не успеа да го помине првото коло.
Нашите мечувалци, Петар Дамјаноски и Огнен Бундалески ги завршија настапите во првата нокаут фаза. Во бокс, Ружди Рустемовски беше елиминиран од Дмитри Горбенко кој ја претставува Србија на Медитеранските игри во Италија.

