Ракометниот клуб, Вардар, го претстави новиот бел дрес што ќе биде во комбинација за новата сезона.
Истиот е со светла основа со црвени детали и препознатливи клупски елементи а посебно се издвојува грбот на клубот со двете ѕвезди. Новиот изглед е поврзан и со јубилејната година на Вардар бидејќи на ракавите е вметнат детал посветен на 65 годишнината од формирањето на клубот.
Промотивните фотографии беа направени во салата – „Расадник“ која има историско значење за „црвено-црните“.

