Саудискиот фудбалски состав Ал-Хилал ги интензивирал преговорите со Арсенал за ангажман на бразилскиот офанзивец, Габриел Мартинели.
Според најавите, трансферот може да се реализира за околу 50 милиони фунти. Фудбалерот на „топчиите“ не се појави на првиот сезонски меч против Ковентри.
Мартинели кој претходно одби понуди за замине во Турција, ја одработува последната година од договорот со англискиот состав.

