Нашата делегација на Игрите во Таранто поднесе жалба поради нереалната елиминација на боксерот, Ален Рустемовски, во полуфинална борба со Хернандез од Шпанија.
Имено, македонскиот претставник беше далеку подобар во рингот но, судиите изгласаа победа на противникот со 4-1. Единствено Рахманов од Азербејџан додели победа за македонскиот боксер а другите четворица беа со спротивно мислење.
„Во моментов се поднесува официјална жалба до светската боксерска федерација од страна на генералниот секретар на МОК како и Боксерска федерација на Македонија. Според правилата, тие имаат обврска до крајот на денот да не известат дали ќе се поведе дисциплинска и евентуална промена на одлуката околу победникот во полуфиналниот меч“ – објавија од македонскиот тим во Таранто.

