Калина Митева и Кристијан Митев од пинг понгарскиот клуб Пелагонија од Битола, шест денови работат под палката на Бојан Милошевиќ, координатор за перспективни спортисти и тренери од Белград.
На тренинг –кампот во Србија се активни најперспективните млади пинг понгари како и дел од избраните репрезентативци на Србија.
Тренинг кампот е резултат на воспоставената соработка со Пинг понгарската федерација на Србија која претставува регионална мрежа за надградба и унапредување на сегашни и наредни играчи, стои во објавата од нашата Федерација.

