Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Објавен распоредот на ЛШ: На стартот Реал против Интер, Ливерпул vs. Атлетико
    Фудбал

    Објавен распоредот на ЛШ: На стартот Реал против Интер, Ливерпул vs. Атлетико

    dinoBy dino29/08/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    УЕФА денеска го објави календарот за натпревари во новата сезона во Лигата на шампионите. Според распоредот на средбите, таа ќе започне со неколку големи европски пресметки. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Интер, додека Порто ќе биде домаќин на Манчестер Сити.

    Ден подоцна, на „Енфилд“, Ливерпул ќе се соочи со Атлетико Мадрид, во реприза на драматичниот дуел од минатата сезона, кога англискиот тим славеше со 3:2. Во истиот термин Барселона ќе го пречека Феенорд, додека Наполи ќе игра против Арсенал.

    На 10 септември во Лигата на шампионите ќе стартуваат и Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Баварците на домашен терен ќе играат против Боде/Глимт, додека Јунајтед ќе гостува кај Сабах. Така, уште во воведното коло европската елита носи неколку атрактивни дуели и најавува интересна сезона во најпрестижното клупско натпреварување.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.