Манчестер Сити е уверен дека ќе може навреме да го заврши трансферот на Коди Гакпо од Ливерпул.
Холандскиот крилен напаѓач се согласил да се пресели на „Етихад“. Тој беше стартер во првите два натпревари постигнувајќи гол против Њукасл а на вчерашниот натпревар со Нотингем Форест му асистираше на Александар Исак.
Ливерпул ќе го продаде Гакпо само ако привлече уште едно крило покрај Бредли Баркола кој официјално треба да стане негов играч денеска или утре.

