Фудбалерите на Челзи по стартните победи со Фулам и Брајтон, сега ги очекува дерби-меч со шампионот на Премиер лигата – Арсенал. Тренерот на „сините“, Чаби Алонсо, верува во успех во градското дерби.
„Ќе направам сè што е потребно за да победам. Секој натпревар може да биде различен, затоа треба да се подготвиме најдобро. Треба да тренираме и да очекуваме секакво сценарио“ – нагласи Шпанецот.
„Верувам дека можеме да продолжиме да напредуваме и да ги елиминираме слабостите“ – потенцираше тренерот на лондончани.

