Игор Стефановски – Иџе со новиот прототип на Формула го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките Европскиот шампионат на ридски патеки.

Тој настапи во категоријата на болиди и прототипи и веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција на 242 автомобилисти меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка.

„Трето место во генералниот пласман и тоа на моето деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи“ – вели Стефановски.

