Тренерот на фудбалерите на Комо, Цеск Фабрегас, вели дека неговиот тим заслужено славеше на гостувањето кај Наполи во меч од Серија „А“.
„Успеавме добро да се поставиме во натпреварот. Бевме добри во првото полувреме а во второто видовме дека можеме да парираме“ – нагласи Шпанецот и се насочи кон летното засилување Луис Мила.
„Мила е многу потценет во Шпанија. Има толку многу одлични играчи што понекогаш имаме тенденција да ги заборавиме другите, кои не се Педри или Родри. Сега е негово време да игра во Лигата на шампионите“ – нагласи Фабрегас.

