Омари Хачинсон од Нотингем Форест е блиску до трансфер во Милан. 22-годишниот напаѓач пристигна во Милано за да ги започне задолжителните медицински прегледи.
Договорот меѓу двата клуба е структуриран како едногодишна позајмица во вредност од 4 милиони евра. Тој исто така, вклучува опција за откуп од 40 милиони евра, што би можело да стане задолжителна под одредени услови.
Милан ќе ја покрие целата плата на играчот за периодот на позајмица.

