Шестото издание на „Стопанска Триоги Триатлон Куманово 2026“ ќе се одржи на 27 септември со старт и цел на Градскиот базен.
Минатата година имаше вкупно 300 учесници од повеќе држави. (Романија, Словенија, Украина, Бугарија, Србија, Хрватска, Косово и други.) Годинава се очекува силна меѓународна конкуренција со поголема бројка на учесници.
Во рамки на настанот ќе се одржат натпревари во повеќе категории и возрасни групи, со различни дистанци: Сениори / јуниори / рекреативци: 750 м пливање – 20 км велосипед – 5 км трчање. Кадети: 375 м – 10 км – 2,5 км, Деца 2: 175 м – 5 км – 1,25 км и Деца 1: 75 м – 3 км – 600 м
Посебен дел од програмата е „Mixed Relay“ (штафета) 1+1. Настанот има за цел да го промовира триатлонот како и активниот и здрав начин на живот.

