Габриел Мартинели и официјално ја напушти екипата на Арсенал и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Бразилскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со Ал-Хилал, до летото 2030 година. Според објавените информации, саудискиот клуб за неговиот трансфер плати 70 милиони евра.
Со тоа Мартинели стана најскапата продажба во историјата на Арсенал. Досегашниот рекорд го држеше Алекс Окслејд-Чембрлен, кој во 2017 година премина во Ливерпул.
Мартинели во Арсенал пристигна во 2019 година од бразилскиот клуб Итуано.
За лондонскиот клуб одигра 278 натпревари, на кои постигна 62 гола и запиша 36 асистенции. Со „топчиите“ освои титула во Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд. 25-годишниот напаѓач во Ал-Хилал ќе го носи дресот со број седум.
Неговиот трансфер е втор најскап во историјата на саудискиот клуб, по ангажманот на Нејмар.

