Дани Карвахал е понуден на два премиерлигаши – Ливерпул и Манчестер Јунајтед, откако искусниот шпански десен бек остана без клуб по истекот на договорот со Реал Мадрид.
Карвахал е меѓу најзвучните слободни агенти на пазарот и сè уште може да потпише со клуб и по затворањето на преодниот рок.
Според информациите кои се објавени денес, неговото име било понудено на двата англиски гиганти како можност за краткорочно засилување. 34-годишниот фудбалер има огромно искуство, шест освоени титули во Лигата на шампионите и повеќе од 300 настапи во Ла Лига.
Карвахал би можел да биде особено интересна опција за клуб кој има проблеми со повреди или му е потребно искусно решение на десната бековска позиција.

