Капитенот Лоренцо Пелегрини се враќа во составот на Рома и би можел да биде меѓу повиканите фудбалери за натпреварот против Фенербахче во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Италијанскиот репрезентативец веќе околу една недела тренира со остатокот од тимот, а постепено го зголемува интензитетот на тренинзите. Според информациите на „Газета дело Спорт“, Пелегрини повторно е целосно на располагање на тренерот Џан Пјеро Гасперини.
Сепак, малку е веројатно капитенот на Рома да добие минутажа во Истанбул. Многу пореална опција е неговото враќање да биде постепено, почнувајќи со место на клупата.

