Манчестер Јунајтед денеска ќе го пречека азербејџанскиот тим Сабах на „Олд Трафорд“ во натпревар од првото коло на Лигата на шампионите.
Двата тима досега не се сретнале во европските купови. За „црвените ѓаволи“ тоа ќе биде јубилеен, 300-ти натпревар во елитата на Европа додека за Сабах дебитантски настап во главната фаза на најпрестижното клупско натпреварување на Стариот континент.
Манчестер Јунајтед досега не се соочил со тим од Азербејџан во европските натпреварувања. Од друга страна, англиските клубови имаат одличен биланс против противниците од таа земја – 10 победи и 1 нерешен резултат на 11 натпревари.

