Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, го коментираше поразот од Арсенал во Лигата на шампионите изразувајќи задоволство од дефанзивната игра на неговиот тим.
„Одигравме добар натпревар против еден од најсилните тимови во Европа. Првиот дел беше многу израмнет но, тие го зголемија темпото во вториот дел“ -изјави Алегри.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Кога се браниме така на противниците им е тешко да постигнат гол. Понекогаш преголемата желба води до грешки“ – нагласи тренерот на Наполи.

