Ракометарите на Вардар денеска од 20.45 часот ќе се појавата на теренот на Мелсунген во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ по пет години се враќаат во елитата со надеж дека ќе може по трет пат да го освојат европскиот трон. Тренерот, Иван Чупиќ, се соочува со одредени кадровски проблеми а посебно со отсуството на бекот, Урош Митровиќ.
Српскиот интернационалец нема да настапи во Германија бидејќи ја одработува суспензијата од претходната сезона.

