Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Скопје повторно станува центар на европското и светското џудо!
    Домашен микс

    Скопје повторно станува центар на европското и светското џудо!

    sasoBy saso10/09/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Скопје уште еднаш ќе биде домаќин на најдобрите европски и светски џудисти во рамките на Европскиот куп во џудо за сениори – Скопје 2026, кој ќе се одржи на 19 и 20 септември. Според последните податоци од Џудо Федерацијата на Македонија, досега се пријавени над 440 џудисти од повеќе од 40 држави 4 континенти. Бројки кои говорат сами за себе и се уште една потврда дека светската џудо елита го препознава Скопје како сериозен и квалитетен домаќин. Во прилог на тоа зборува и фактот дека на минатиот Европски куп во Скопје беа пријавени околу 300 натпреварувачи, а сега тој број е значително поголем.

    -Слободно можеме да кажеме дека овој натпревар ги надминува сите наши очекувања, бидејќи бројката на натпреварувачи не само што е значително поголема од истиот ваков настан кај нас, туку е поголем и од сите европски купови во било кој град низ Европа. Да додадам и дека своето доаѓање го најавија најдобрите европски и светски џудисти, бидејќи резултатите ќе се бодуваат и за Олимписките игри, така што секој ќе настојува да постигне што подобар пласман. Доаѓаат првите луѓе на европското џудо, најавени се веќе шестмина амбасадори кои сакаат да ги следат борбите, така што очекуваме врвен џудо настан – вели претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпановски.

    Ова не е само уште едно големо спортско натпреварување. Ова е резултат на посветеноста, професионалноста и одличната организација на Џудо Федерацијата на Македонија, која со секој следен меѓународен настан го гради имиџот на нашата земја на европската и светската џудо сцена.

    Само за илустрација, за турнирот во Скопје, меѓу најбројните селекции што се најавени, се Русија, Германија и Италија со по повеќе од 50 натпреварувачи.

    Инаку Европскиот куп го носи името бидејќи се одвива на територијата на Европа, а право на настап имаат џудисти од сите континенти.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.