Челниците на Барселона сакаат да му го продолжат договорот на фудбалерот, Рафиња, кој одлично ја започна новата сезона во сите конкуренции.
Според одредени информации, Каталонскиот гигант ги направил првите разговори со репрезентативецот на Бразил кој има тековна соработка до летото во 2028 година.
Шпанскиот тим сака да ја продолжи истата најмалку до 2029 години и плус за уште една сезона. Рафиња досега одигра 182 натпревари со ефект од 83 голови и 60 асистенции.

