Нашите најдобри одбојкари денеска ги очекува мечот против Полска во третото коло во групата „Б“ на Европското првенство во Бугарија.
По стартните порази од дом и Украина, избраниците на селекторот, Јошко Миленковски, попладнево од 18.00 часот ќе се сретнат со првиот фаворит во групата, кој е воедно и кандидат за европски медал.
По денешната средба, Македонија ќе има ден одмор а потоа во вторник и в среда ќе ги одигра решавачките мечеви си Израел и Португалија за пласман во втората фаза на ЕП.

