Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, предвреме го напушти последниот тренинг на тимот.
Медиумите на Пиринеите објабија дека аргентинскиот фудбалер се пожалил на повреда и затоа ќе биде подложен на медицински прегледи.
Тоа значи дека напаѓачот нема да игра на денешниот меч со Реал Сосиедад во најсилната конкуренција на Шпанија. Алварез во текот на летото сакаше да замине во Барселона но, челниците на тимот не му дозволија.

