Скопје на 19 и 20 септември повторно ќе биде домаќин на Европскиот куп во џудо за сениори.
За турнирот „Скопје 2026“ досега се пријавени повеќе од 440 џудисти од над 40 држави и четири континенти.
Тоа е значително повеќе од минатогодишното издание, на кое настапија околу 300 натпреварувачи.
Организаторите велат дека бројката е поголема и од онаа на сите останати европски купови што се одржуваат во други европски градови.
Најавено е учество на голем број од најдобрите европски и светски џудисти.
Резултатите од турнирот ќе се бодуваат и во борбата за пласман на Олимписките игри, што дополнително го зголемува значењето на натпреварувањето.
Меѓу најбројните селекции се Русија, Германија и Италија, со повеќе од 50 натпреварувачи.
На турнирот се очекуваат и високи претставници на европското џудо, како и шест амбасадори.
Организаторите најавуваат врвни борби и уште една голема меѓународна спортска манифестација во Скопје.

