Македонските одбојкари денеска ги чека мечот со Португалија кој може да ги задржи на патот до елиминациската фаза на Европското првенство.
Во арената во Софија од 15.00 часот, ќе излеземе на мегдан со составот од Пиринеите во првиот од двата клучни меча за освојување на 4 место во групата „Б“ откако Бугарија, Полска и Украина, ги обезбедија првите три и сигурно патуваат во наредната фаза.
Доколку денеска ги совладаме Португалците, утре во истиот термин ќе ја имаме решавачката битка со Израел за исполнување на посакуваната цел.

