Фудбалската репрезентација на Македонија е пред голем предизвик, бидејќи во само единаесет дена ќе одигра четири меча во Лигата на нациите. За првпат нашата селекција ќе игра во Б-конкуренцијата, а тоа иако е голем мотив и плус, претставува и своевиден проблем.
За таа цел селекторот Гоце Седлоски објави проширен список на фудбалери за четирите меча кои следуваат. На него имаше место за дури 28 фудбалери, од кои четворица се дебитанти и тоа: Анес Меличи, Ѓорѓе Џеков, Матеј Гаштаров и Христијан Малески.
Список на повикани фудбалери на Македонија:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);
Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);
Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);
Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Македонските фудбалери првиот собир во Скопје ќе го имаат в понеделник на 21 септември. Седлоски ќе има неколку тренинзи кои ќе бидат голем предизвик со оглед на големиот број на фудбалери.
Првиот натпревар Македонија го игра наредната сабота (26 септември) против селекцијата на Швајцарија на Арената „Тодор Проески“ во 20:45 часот. Три дена подоцна ѝ гостуваме на Словенија, па на 3 октомври ја дочекуваме Шкотска, а за на крај да гостуваме кај Швајцарците на 6 октомври.

