Стратегот на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, не очекувал таков супериорен старт на сезоната во Серија „А“.
Неговите избраници ги добија сите четири мечеви со само еден примен гол. „Волчицата“ во текот на викендот ја очекува дербито со Интер кој исто така има одличен почеток во шампионатот.
„Повеќе се надевав на ваков почеток отколку што го очекував. Подолго сме заедно и подобро се познаваме. Тимот е полн со млади играчи и вредни искусни фудбалери “ – изјави Гасперини.

