Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Андреј Темов доминантно го освои Скопје Опен 2026
    Тенис

    Андреј Темов доминантно го освои Скопје Опен 2026

    sasoBy saso19/09/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот тенисер Андреј Темов на доминантен начин го заврши настапот на турнирот Скопје Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 14 години што се играше оваа недела на терените на ТК Југ. Турнирот беше од категорија 3.

    Темов до триумфот во поединечна конкуренција стигна без загубен сет, а единствено во полуфиналето одигра еден сет во тајбрејк. Тој во финалето го победи Златан Јорданов од Бугарија со 2-0 во сетови (62 60). Во полуфиналето го победи Британецот Марк Фулвуд со 2-0 (76(7) 60), а во четвртфиналето го надигра Кан Карочкај од Унгарија без загубен гем 2-0 (60 60). Во првото коло беше слободен, а во второто го совлада Виктор Дамјанов од Германија 2-0 (61 61), а Новак Тешиќ од Србија го победи со 2-0 (62 61).

    Во конкуренција на двојки Темов заедно со Џејмс Бартон од Австралија победија во конкуренција на двојки откако во финалето ги победија Никола Лакетиќ и Новак Тешиќ од Србија со 2-0 (63 61). Ова е втор триумф на оваа двојка, откако претходната недела победија на турнирот во Куманово.

    Кај девојчињата во конкуренција на двојки победија Јулијана Димитрова (Бугарија) и Маја Мунтеану (Романија), кои со 2-0 во сетови (61 64) ги победија Ведрана Танеска од Македонија и Сара Крале (Германија). Во полуфинале во конкуренција на двојки од македонските тенисерки настапија Деа Крстевска со Нина Акдоган и Миа Николовска со Габриела Мендоза.

    Во женска конкуренција победи Маја Мунтеану.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Монфис ќе има нова улога во тенисот

    07/11/2026

    По 13 години Лина Ѓорческа ќе добие нов тренер, Лабудовиќ ја објави разделбата!

    05/11/2026

    Јаник Синер се повлекува од Мастерс турнирот во Шангај

    03/10/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.